• Иван Димовски
Американскиот вајд рисивер Стефон Дигс, ѕвезда на НФЛ и член на Њу Ингланд Патриотс, се соочува со сериозни обвиненија за физичко насилство по инцидент кој се случил на 2 декември.
Според информациите, Дигс е обвинет за тешка телесна повреда со гушење и добил прекршочни пријави за напад и тепачка, а веќе се појавил и на рочиште, каде неговиот адвокат побарал полицискиот извештај да биде запечатен. Адвокатот Мајкл Дистефано изјавил дека деталите од случајот треба да останат тајни и навел дека Дигс наводно понудил финансиска исплата до жртвата.
Њу Ингланд Патриотс во соопштение наведоа дека се свесни за обвиненијата, дека Дигс ги негира и дека клубот ќе продолжи да соработува со надлежните органи и НФЛ, без дополнителни коментари додека трае правната постапка.
Случајот го следи и НФЛ, која потврди дека е во контакт со клубот, а следното рочиште на Дигс е закажано за 23 јануари, со можност да биде одложено до март.