ВИДЕО: НФЛ ѕвезда колабираше на терен и е во критична состојба

Пресметката од НФЛ шампионатот меѓу Синсинати и Бафало не го дочека својот крај и беше прекината уште во првата четвртина. 

Причината за тоа беше Демар Хемлин, кој доживеа срцев удар среде терен. Имено, играчот на гостите беше во еден дуел за топка, а откако играта беше прекината, тој се исправи и веднаш потоа колабираше. 

Медицинските екипи веднаш му помогнаа на 24-годишникот, тој беше реанимиран на теренот и префрлен во болница. НФЛ лигата се обрати по повод инцидентот и нагласи дека Хемлин е во критична состојба. 

Ситуацијата на теренот беше навистина страшна, играчите на двата тима беа во шок, преплашени за животот на својот колега. Се очекува во наредниот период да има нови информации околу состојбата на Хемлин.