Некогашниот заменик на Том Брејди стана најплатениот играч во НФЛ лигата

Џими Гарополо

Минатата сезона се пресели во Сан Франциско 49ерс и запиша скор од пет победи и ниту еден пораз. Се работи за Џими Гарополо, кој цела своја кариера беше замена за Том Брејди во екипата на Њу Ингланд Патриотс.

Од вчера тој стана најплатениот играч во НФЛ лигата и доби договор вреден 137,5 милиони долари за пет години. Претходниот рекорд беше во рацете на Метју Стафорд од екипата на Детроит Лајонс, кој ќе заработува само половина милион помалку.

Изминатата сезона за тимот на Сан Франциско беше неуспешна со скор од 6 победи и 10 порази, па засилувањето во Гарополо најавува поинаква екипа наредната сезона, во која ќе се брка место во плеј-офот.