Некогаш беше МВП на Супербоул, а сега доби – отказ

Франшизата на Денвер Бронкс го отпушти квотербекот Џо Флако, бидејќи играчот не ги минал лекарските прегледи. 

Флако пристигна во оваа НФЛ екипа минатата сезона, но бргу повреди вратен пршлен и поради тоа одигра само осум натпревари за Бронкоси. Тој сè уште се нема опоравено целосно од истата, па клубот одлучи да го раскине договорот со него. 

Квотербекот кариерата ја започна во 2008 година во Балтимор Рејвенси, каде се задржа една деценија, а во 2012 година дојде до титулата во Супербоул и до признанието за најкорисен играч.