• Мартин Танасковски

Најважниот натпревар на американскиот фудбал (НФЛ), Супер Боул, ќе се одржи во Атланта во 2028 година, на стадионот на Атланта Фалконс.
Конечната одлука ја донесоа сопствениците на НФЛ клубовите, на редовната годишна есенска средба.
Натпреварот од шампионатот во НФЛ ќе се игра по четврти пат во Атланта, а вторпат на стадионот Мерцедес Бенц.
Сезонава Суперболот ќе се игра во Њу Орлеанс на 9 февруари, а потоа во следните две години во Калифорнија, Сан Франциско и Лос Анџелес.