Најевтиниот билет за Супербоулот на десет дена до мечот чини 6.300 долари

Овогодишниот Супербоул натпревар ќе се одигра во Лос Анџелес на прекрасниот стадион „SoFi“ во Калифорнија.

Домашната екипа на Лос Анџелес Рамс ќе игра за прва титула по далечната 2000 година против Синсинати Бенгалс. Тимот на Шон Меквеј во конференциското финале го совлада Сан Франциско 49ерс, а Џо Бороу ја водеше својата екипа до изненадувачки пресврт и победа кај Канзас Сити и Патрик Махоумс.

На десет дена до спектаклот, познати се цените на билетите за сите заинтересирани фанови. Најевтината влезница моментално изнесува 6.300 долари. Се споменуваат суми од над 70.000 долари кои се платени за присуство за највозбудливиот спортски настан во Соединетите Американски Држави.

Лудите цени можат да се забележат и во паркинг картите, бидејќи најевтините паркинг билети во моментот се по цена од 426 долари. Сепак, таа карта за паркирање одговара на паркинг кој се наоѓа на една милја од стадионот, па кој ќе го купи ќе треба да пешачи околу 20 минути до местото на натпреварот.

Супербоул 57, кој ќе го даде новиот НФЛ шампион, ќе се одигра на 13 февруари.