ВИДЕО: Најемотивната хака досега во чест на големиот Диего Марадона!

Фудбалот, но и спортот, пред неколку дена остана без еден од најголемите на сите времиња. Диего Армандо Марадона почина на 60-годишна возраст, а веќе неколку дена бројни спортисти и клубови оддаваат почит кој легендарната „десетка“ на Аргентина.

Така беше и на денешниот рагби дуел меѓу селекциите на Аргентина и Нов Зеланд. Но, интересно е тоа што гестот овој пат дојде од рагбистите на Нов Зеланд. Капитенот на селекцијата Сем Кен на теренот остави дрес со името на Марадона, а потоа заедно со соиграчите ја изведоа најемотивната хака досега, посветена на фудбалскиот великан.

Инаку, што се однесува до резултатот на овој дуел, Нов Зеланд без многу проблеми извојува победа од 38-0.