Најдобриот во историјата на НФЛ добива свој серијал по рецептот на Џордан

Документарната серија „Последниот танц“, која го објасни животот и кариерата на легендарниот Мајкл Џордан беше полн погодок низ светот на спортот. 

Сега, добитниот рецепт може да биде искористен и во американскиот фудбал, каде според најавите ќе се снима ваков тип на документарец за најдобриот на сите времиња, Том Брејди. Инспириран од серијата на Џордан, играчот кој две децении забележа неверојатни резултати. 

Серијалот според најавите би се нарекол „Човекот во арената“, а би бил сличен на кошаркарскиот каде би се објавиле анегдоти и интересни случувања од кариерата на Брејди. 

Квотербекот речиси две децении го носеше дресот на Њу Ингланд Петриотс, освојувајќи шест трофеи на популарниот „Супер Боул“ што никому не му успеало во НФЛ историјата. Том Брејди реши по 19 години да ги напушти Петриотси и во идната сезона ќе го носи дресот на Тампа Беј.