• Горан Упале

Одличниот играч на Лос Анџелес Ремс и човекот кој ги собра сите награди за еден фаќач, Купер Кап, ја доби најпрестижната индивидуална награда - најкорисен играч (МВП) на Супербоул .
Апсолутно заслужено, наградата отиде во вистински раце. Најбезбедните раце во лигата оваа сезона, и рацете кои фатија два тачдаунови, од кои еден беше за победа во Супербоул натпреварот против Синсинати.
Купер Кап на одличен начин ја круниса совршената сезона, докажувајќи дека лигата можеби згрешила што не го сместила меѓу кандидатите за МВП признанието на сезоната.
На крајот, овој Супербоул го заврши со 92 фатени јарди со два тачдауни и стана првиот примач по Џулијан Еделман во 2019 година што ја доби оваа титула.