• Иван Димовски
Кариерата на Патрик Махомс оди во нагорна линија и со огромна брзина. Квотербекот на Канзас Сити Чифс го освои својот трет трофеј во Супеброл, откако славеше во натпреварот со Сан Франциско 49ерс.
И третпат Махомс беше МВП на Супербол натпреварот во НФЛ лигата. Фантастичниот 28-годишен квотербек напредува со голема брзина, стана заштитно лице на франшизата и најдобар играч во лигата. Многумина веќе почнаа да го споредуваат со најдобриот на сите времиња, Том Брејди.
Сепак, патот на Махомс сериозно да се вклучи во трката е долг. Брејди ја заврши кариерата со седум Супербол трофеи, па на помладиот колега му недостигаат уште четири. Интересно е дека последниот, на 43-годишна возраст го доби во директен дуел токму против Махомс откако ја поведе Тампа Беј до тронот.
Статистички параметар според кој Махомс сериозно му се приближи на Брејди е бројот на МВП признанија во Супербол. 28-годишниот ас на Канзас има три такви одличја, додека Брејди замина во пензија со пет.