Милијарда долари отштета за повредените НФЛ играчи

Федералниот суд во САД потврди дека со новата спогодна пензионираните играчи во НФЛ ќе добијат вкупна отштета од една милијарда долари.

5.000 поранешни играчи во НФЛ поднесоа тужба по изјавата на неколку челници на лигата дека постои врска меѓу повредите на играчите и самиот спорт. Некои поранешни НФЛ играчи имаа проблеми со помнењето, депресија и други болести на главата за време на професионалната кариера, а проблемите биле откриени дури по смртта на неколку поранешни играчи.

Над 20.000 поранешни играчи ќе ја поделат оваа милијарда долари уште следниот месец.