Македонскиот зет Јенкис една од ѕвездите на новиот светски шампион во рагби!

Иако се очекуваше лесна и убедлива победа на англиските ѕвезди, златото од Светското првенство во рагби заврши во рацете на храбрите репрезентативци на Јужна Африка.

Во финалето на преполната „Јокохама Стадиум“, европскиот гигант претрпе тежок пораз од афиканската земја (32-12), која по доминацијата на Нов Зеланд на последните два Мундијали се искачи на врвот во светското рагби.

На нашите простори овој спорт не е така популарен, но она што го поврзува СП во Јапонија со нашата држава е Елтон Јенкис, еден од најдобрите репрезентативци на првакот Јужна Африка, затоа што е македонски зет. 

29-годишниот рагбист беше една од ѕвездите на Јужна Африка на овој собир. Турнирот во Јапонија го заврши како 11-ти стрелец (трет најдобар во својата селекција, 28 поени), а и како втор најдобар во поените од конверзија (14, веднаш зад Ричи Моунга од Нов Зеланд). 

Инаку, Јенкис е во брак со Македонката, Ивана Ристиќ, со која имаат три деца.