Македонскиот рагби клуб Вајлд Боарс со пораз од Пеќ го започна косовскиот шампионат

Скопскиот рагби тим Вајлд Боарс ги започна своите настапи во косовскиот рагби шампионат, со домашен пораз од екипата на Пеќ од 10-39.

Своето второ учество екипата која настапува на стадионот „Локомотива“ во Карпош загуби од далеку поискусната екипа, која подолго настапува во ова натпреварување. Поените за косовскиот тим ги донесоа Хасани, Гаши, Даутај, Шала, Исмајли, Сефај (2), додека кај нашиот претставник Марковски во два наврати запиша поени. 

Вајрд Боарс веќе в сабота гостуваат во Приштина кај Беарс РФЦ, а домашниот дуел против овој противник ќе се одигра на 28 март. Последната средба од мини шампионатот, се игра на петти април кај Пеќ.