• Иван Димовски
Сиетл Сихоухс го освоија трофејот во НФЛ лигата победувајќи во јубилејното издание на шампионатот, откако во големото финале ги совладаа Њу Ингланд Петриотс со 29-13.
Извештајот од натпреварот можете да го погледнете на ОВОЈ линк
Шеесеттиот „Супер Боул“ се одигра на стадионот „Левис“ во Калифорнија и донесе своевидна реприза на дуелот од 2015 година, но тогаш се радуваа Петриотси. Овојпат приказната беше поинаква и тимот од Сиетл доминираше кога беше најпотребно.
И двата финалисти важеа за изненадување ако се погледнат прогнозите пред стартот на сезоната. Сепак, и Сихокс и Петриотс одиграа одличен регуларен дел и стигнаа до скор од 14 победи и три порази. Во плеј-офот главното оружје им беа цврстите одбрани, а таков тек имаше и натпреварот кој го следеа околу 70.000 гледачи на трибините. Сепак, во завршницата двете екипи се „распукаа“ за уживање на фановите, ама исходот не се промени.
Во паузата меѓу двете полувремиња традиционално се одржа и музичкиот спектакл. Главна ѕвезда беше перформерот „Бед Бани“, еден од највлијателните латино изведувачи на денешницата и вистинска глобална сензација. На сцената му се приклучи и „Лејди Гага“, со што шоуто доби дополнителен сјај.
Интересно е дека на клупата на Њу Ингланд седи Мајк Врабел, кој има македонски корени. Иако и неговата мајка Елејн е родена во Охајо, нејзиното семејство потекнува од Македонија и членува во американските организации за иселениците од нашата земја. Тој во 2022 година доби Конгресна резолуција со која се оддава почит за Месецот на македонско-американското наследство.