Мајами подготвен за Супербоул, Канзас ќе го предизвика Сан Франциско

Ноќва во Мајами следи првиот американски февруарски спектакл. Канзас Сити Чифс и Сан Франциско 49ерс ќе се борат за 54-от Супербоул. Американците се тотално луди за својата традиција, за Супербоул спектаклот кој ќе го обиколи светот и ќе ја покажа американската страст за професионалниот американски фудбал.

На теренот ќе се сретнат Канзас Сити, кој го освои единствениот Супербол во 1969 година и Сан Франциско 49-ерс, петкратен освојувач на трофејот. Одбранбениот играч на Канзас сити, Патрик Махомес, минатогодишниот МВП, има шанса да им се придружи на Бен Ротлисбергер и на Том Брејди како единствен одбранбен играч освојувач на трофејот „Ломбарди“ пред 25-от роденден (на 24 години и 138 дена). Единствените два тима што победиле шест пати се Њу Ингланд Патриотс и Питсбург Стилерс. Натпреварот се игра во Мајами, кој, очекува 700 милиони долари од спектаклот.

Билетите во петокот наутро достигнаа највисока просечна цена во историјата на НФЛ. Според најновите податоци, просечната цена на сите билети за 54-от Супербоул изнесува 10.385 американски долари. Ова претставува најскап врв за било кој билет во историјата на НФЛ, надминувајќи го просекот по билет постигнат за Супербол 49 помеѓу Њу Ингланд Петриотс и Сиетл Сихокс. За најскапото расположливо место, понудени се 49.000 американски долари.

Треба да платите 5,5 милиони долари за реклама од триесет секунди за време на Супербоул, што е најскапата тарифа во историјата, а се очекува 12 милиони гледачи кои не стигнале до билети да гледаат во кафулиња. 

Поп-пејачката Деми Ловато ќе ја има честа да ја испее американската химна пред мечот, а на полувремето гледачите на стадионот, но и покрај ТВ-екраните, ќе ги забавуваат Џенифер Лопез и Шакира.

Дуелот меѓу Сан Франциско 49ерс и Канзас Сити Чифс ќе се одржи ноќва во 00:30 часот по средноевропско време.