• Иван Димовски
Филаделфија Иглс го освои Супербоул со победата од 40-22 над Канзас Сити Чифс.
Најмногу во таборот на поразените се очекуваше од најдобриот квотербек во лигата, Патрик Махомс. Сепак, тој целосно потфрли, а по загубеното финале не го криеше незадоволството.
„Јас сум виновен за поразот. Двапати ми пресекоа топки во втората четвртина и тоа го крунисаа со тачдаун. Поклонив 14 поени.
Добрите бројки во статистиката ги насобрав кога тоа веќе не беше важно бидејќи натпреварот беше решен. Горд сум на своите соиграчи бидејќи до крајот играа како да имаме шанси за пресврт“, изјави Махомс.
Натпреварот за Махомс заврши со 257 освоени јарди и три додавања за тачдаун, меѓутоа како што и самиот посочи во моментите кога Чифси требаше да се вратат тој направи неколку грешки.