Махомс: Не игравме добро, овој пораз навистина боли...

Патрик Махомс се смета за легитимен наследник на Том Брејди, со оглед на тоа што успеа да го направи во досегашната кариера, но синоќа не успеа да ги предводи Чифси до победа против искусниот ривал и загубија во Супербоул од Тампа Беј со 31-9.

Иако квотербекот на Канзас проигруваше најдобро што знае, недостигаше поддршка од соиграчите, па многуте испуштени пасови ги чинеа убедлив пораз. По него, Махомс зборуваше за финалето и го даде своето мислење.

„Кога видов дека немаме тајм-аути знаев дека е готово. Се боревме до крајот, но не одигравме добар натпревар. Мојот татко губеше финалиња во својата кариера, ама продолжуваше да се боди. Секако дека овој пораз ме боли, навистина многу. Сепак, мора да напредуваме, имаме група млади и талентирани играчи, ќе учиме од неуспехот“, изјави Махомс. 

Инаку, колку добро функционираше дефанзивата на Баканирси зборува фактот дека Махомс не успеа да направи тачдаун за прв пат по септември 2019 година и дуелот со Лионси.