• Иван Димовски

Квотербекот на Канзас Сити Чифс, Патрик Махомс потпиша нов рекорден договор со шампионот во НФЛ лигата. Клучниот играч на оваа екипа се обврза на соработка од десет години.
Махомс според новиот договор ќе заработи вкупно 503 милиони долари од Чифси, од кои 450 милиони како основна плата, а другите преку достижни бонуси. Според овие информации, квотербекот ќе стане најплатен спортист во историјата на спортот.
- Официјална потврда на трансферот:
We have signed QB Patrick Mahomes to a 10 year extension. Mahomes secured with Chiefs for the next 12 seasons. pic.twitter.com/ZsADdVkvxZ
— Kansas City Chiefs (@Chiefs) July 6, 2020
Досега најплатен играч беше Расел Вилсон од Сиетл кој заработуваше по 35 милиони годишни, но Махомс ќе го мине на листата, бидејќи ќе заработува барем десет милиони долари повеќе од Вилсон.
Овој играч е многу важен дел од Канзас Сити Чифси, бидејќи беше главна алка на последното издание од Супер боул финалето на НФЛ лигата, каде ја доби МВП наградата во неверојатниот пресврт над Сан Франциско.