• Иван Димовски
Луис Хамилтон стана косопственик на НФЛ клубот Денвер Бронкос, откако купи дел од клупските акции.
Британскиот возач на Мерцедес Бенз во Формула 1 се договори со сопственичката група на чие чело стои Роб Волтон, купи мал дел од акциите и ќе стане дел од раководството на клубот од Колорадо.
„Одушевени сме што Сер Луис Хамилтон, повеќекратен Ф1 првак, ќе биде дел од нашата сопственичка група. Тој во својата кариера демонстрираше дека е натпреварувач и има потребни квалитети да ни помогне за тимот да стане победнички, а истовремено дас е бори за глобалната еднаквост. Тој ќе биде вредна фигура во целосната организација на Бронкоси“, рече Волтон.
Новото сопствеништво го купи тимот од Денвер во јуни за 3,2 милијарди долари, што беше рекордна продажба на спортски колектив во Соединетите Американски Држави.