• Иван Димовски

Најдобриот играч во НФЛ историјата, Том Брејди и покрај тоа што има 43 години, синоќа го освои седмиот трофеј во Супербоул, откако ја предводеше Тамба Беј до триумф над Канзас (31-9).
Квотербекот на Баканирси одново имаше МВП издание, одлично проигруваше и ги предводеше нападите на својот тим, водејќи ги до втора титутла во клупската историја. За Брејди пак, тоа беше седми прстен, со што стана потрофеен од сите франшизи во НФЛ лигата.
Tonight, Tom Brady has his 7th ring.
He now has more Super Bowl wins than all 32 NFL franchises. pic.twitter.com/9n1SpNlUFt
— SPORTbible (@sportbible) February 8, 2021
Седмата титула на Брејди како поединец ги надмина Њу Инглант Пејтриотси кои сите шест ги освоија токму со него, како и Питсбург Стилерс како најуспешен тим со само два порази во финалињата. Овој факт, само дополнително зборува за величината на Брејди кој докажа дека знае и може да води и друг тим до Супербоул славје.
Зад него на вечната листа кај играчите се наоѓа тимскиот соиграч и добар пријател Роб Гронковски, кој има четири одличја заедно со Брејди, додека ист број „прстени“ имаат и Џој Монтана и Тери Бредшоу.