Легендата на НФЛ со петмилионска донацијa во битката со вирусот

Легендата на Њу Орлеанс Сејнтс, Дру Брис се реши за многу хуман потег за помош во битката против коронавирусот. Тој заедно со својата сопруга Британи ќе обезбеди огромна донација за државата Луизијана. 

До крајот на годината, парот ќе донира огромни пет милиони долари и ќе обезбеди преку 10.000 оброци за најзагрозените дневно. 

„Британи и јас ќе донираме пет милиони долари на државата Луизијана. Приоритет ни е да помогнеме на заедницата во тешката ситуација. Исто така, заедно со нашите партнери ќе обезбедиме испорака на 10.000 оброци дневно ширум државата“, напиша Брис. 

Квотербекот на Сенјтси е меѓу легендите на НФЛ лигата во Соединетите Американски Држави, каде во својата речиси дводецениска кариера бележеше одлични достигнувања. 

Брис беше драфтуван во 2001 година од Сан Диего Чарџерс, каде настапуваше до трансферот во Њу Орлеанс во 2006. Заедно со овој тим дојде до титулата во „Супер Боул“ во 2010 година, кога беше избран за МВП играч на натпреварот.