Легендарниот Том Брејди стана ко-сопственик на тим од НФЛ

Легендарниот американски НФЛ играч Том Брејди стана ко-сопственик на екипата на Лас Вегас Рајдерс. Брејди, кој е седумкратен освојувач на Суперболот, доби одобрение од сопствениците на тимовите на НФЛ да стане еден од сопственците на Лас Вегас.

„Сакам да придонесам за организацијата на кој било начин, почитувајќи ја богатата традиција на Рајдерс и наоѓајќи ја секоја можна можност да ја подобриме нашата понуда за фановите“, напиша Брејди на социјалните мрежи.

Тој му се заблагодари на мнозинскиот сопственик на Рајдерс, Марк Дејвис.