Легендарниот Том Брејди руши рекорди, ќе игра уште две сезони во Њу Ингланд

Том Брејди

НФЛ шампионот Њу Ингланд Патриотс му понуди нов двегодишен договор на својата најголема ѕвезда Том Брејди.

Ветеранот, кој настапува на позицијата квотербек, наводно прифатил соработка за нови две години. Тоа значи дека ќе продолжи да ја продлабочува својата легенда дури до 44-годишна возраст.

Тој ќе добие и повисока плата и наместо 15, ќе инкасира 23 милиони долари во сезоната која се очекува да започне во септември.

Кариерата на Брејди трае цели 19 години и му донесе шест шампионски прстени, вклучувајќи го оној од минатата сезона. Патриотс во финалето го надиграа тимот на Лос Анџелес Рамс и докажаа дека се најдоминантната династија во американскиот спорт.

На вечната листа најстари играчи во НФЛ лигата пред него има три имиња. Со 47 години на врвот е Мортен Андерсон, а потоа следуваат Адам Винатиери (46) и Џон Несер (45).