Легендарниот Том Брејди ќе одигра натпревар во Европа

Том Брејди

НФЛ фановите во Европа добија одлични вести кои велат дека седумкратниот шампион Том Брејди ќе гостува во Минхен.

44-годишникот на кратко замина во пензија, па одлучи да се врати и да одигра уште една година во дресот на Тампа Беј Баканирс. Во претстојната сезона неговата екипа ќе има можност да гостува на „Алијанц Арена“ и да одигра меч против Сиетл Сихокс.

Натпреварот е закажан за 13 ноември и е еден од четирите дуели кои се планирани за одржување надвор од територијата на Соединетите Американски Држави. Три меча ќе се одиграат во Лондон, а еден ќе се одржи во Мексико.