Легендарниот Чип Кели доби отказ од Филаделфија

Чип Кели на клупата на НФЛ клубот Филаделфија

Тренерот во НФЛ лигата,Чип Кели беше отпуштен со биланс 27-21 и едно учество во плеј-офот.

„Го цениме придонесот на Кели за развојот на Филаделфија и му посакуваме се најдобро во иднина ", се вели во краткото соопштение до медиумите, кое претставуваше изненадување за сите навивачи на популарниот НФЛ тим.

Заедно со Кели беше отпуштен беше Ед Маринович. Сега координаторот на нападот, Пет Шермер ќе ја води Филаделфија против Њујорк. „Орлите“ со биланс 6-9 се втори на Истокот, но без теоретски шанси за влез во плеј-офот.