Лас Вегас се договори со најдобриот, Брејди станува ко-сопственик на НФЛ франшиза

Најголемиот рагби играч во историјата на НФЛ лигата, Том Брејди, во иднина ќе биде сопственик на акции на франшиза. 

Се работи за екипата на Лас Вегас Рајдерс, која се натреварува во Националната фудбалска лига. 45-годишникот ќе стане малцински сопственик на франшизата, а тоа го потврди сопственикот. 

„Постигнавме договор со Брејди. Тој ќе стане партнер во Рајдерси. Веќе предадовме барање до НФЛ да одобрат промена во сопствеништвото“, кажа Марк Дејвис. 

Брејди е најдобриот квотербек во НФЛ-историјата. Тој зад себе има седум титули, додека пет пати беше МВП на Супербоул. Кариерата ја мина главно во Њу Ингланд Петриотс, каде што настапуваше деветнаесет години. На крајот на кариерата Брејди заигра и за Тампа Беј Баканирс.