ВИДЕО: Крвничка тепачка со тупаници и клоци помеѓу рагбистите на Франција и Англија

Рагбито е колективна битка. Тоа се докажа на дуелот помеѓу Франција и Англија, што е дел од РБХ Шест нации натпреварувањето. 

Сепак, овој дуел ќе биде запаметен не по добрата игра, туку по општата тепачка помеѓу двете екипи. Неколку минути, играчите си делеа клоци и тупаници, а целиот хаос не можеа да го запрат ниту лицата кои се грижат за обезбедување.

По неколку насилни минути, тепачката беше прекината и дуелот беше продолжен. На крај Франција забележа победа од 28-6.