• Иван Димовски
Мајк Томлин и официјално поднесе оставка од функцијата главен тренер на Питсбург Стилерс. Со тоа заврши неговиот 19 годишен мандат на клупата, а за тоа време никогаш немаше сезона со негативен скор.
Клубот ја соопшти одлуката во вторник попладне. Од Стилерс порачаа дека неговиот учинок веројатно никогаш нема да биде повторен.
Во својата изјава тој порача дека одлуката ја донел по долго размислување и преиспитување и дека Питсбург бил огромен дел од неговиот живот, изразувајќи благодарност до Арт Руни Втори и починатиот амбасадор Руни за довербата, како и до играчите, тренерите и персоналот.
Томлин им ја соопштил одлуката на играчите на состанок во вторникот. Тоа било еден ден по елиминацијата од плеј-офот, а Стилерси загубија 30:6 од Хјустон Тексанс во вајлд кард рундата.