Кетрин Смит стана првата жена тренер на еден НФЛ тим

Бафало Билс со назначувањето на Кетрин Смит за помошник тренер на тимот, стана првиот тим во НФЛ лигата кој ангажира жена за постојан тренер.

Смит претходно работела како административен асистент во тимот, а моментално е втората жена која има функција тренер на една професионална екипа во САД, по Беки Хамон која работеше во стручниот штаб на Грег Попович во Сан Антонио Спарс.

„Таа дефинитивно ја заслужува оваа функција, поради нејзиното знаење и посветеност. Таа докажа дека е подготвена за следниот чекор, а јас сум возбуден и горд на неа“, изјави тренерот Рекс Рајан. 

Смит претходно 12 години работеше во Њујорк Џетс, и нејзината работа во Бафало е да ги анализира ривали пред почетокот на натпреварот.