Казинс ги помести границите во НФЛ – за три години ќе добие 84 милиони од Минесота!

Еден од најдобрите НФЛ играчи, Кирк Казинс и официјално е нов член на тимот на Минесота, откако синоќа двете страни успеаја да постигнат договор, кој испиша нова страница во историјата на оваа лига. 

Фантастичниот квотербек во редовите на Минесота ќе се задржи три години, а во истите ќе добие неверојатни 84 милиони долари, со што стана најплатениот играч на сите времиња во НФЛ лигата. 

29-годишниот Казинс веќе неколку сезони игра во феноменална форма, а судејќи по статистиката од 2015 година, тој е меѓу ТОП 10 квотербекови во лигата. Во редовите на Минесота премина од Вашингтон, каде настапуваше во претходните пет години.