• Зоран Мишевски

Се наближува февруари и големиот спортски спектакл во Соединетите Американски Држави. Канзас Сити и Сан Франциско ќе играат во големото финале на американската фудбалска лига (НФЛ).
Популарниот Супербоул ги доби финалистите, откако синоќа во финалните конференциски дуели, Канзас славеше над Тенеси со 35-24, додека Сан Франциско беше подобар од Грин Беј Пакерс со 37-20.
54-тото издание на Супербоул е закажано за 2 февруари, во Мајами, со почеток во 00:30 часот по средноевропско време.
Сите билети за финалниот натпревар одамна се распродадени, а се очекува и рекорден приход и рекорд на гледачи пред малите екрани.