• Зоран Мишевски
Спектаклот со кој се гордеат Американците уште еднаш беше полн погодок. Канзас Сити Чифс е победник на 57. издание на Супербоул, кое се одржа во Аризона пред 70.000 гледачи.
По голема борба, Канзас славеше над Филаделфија Иглс со 38-35. Ова беше фантастичен натпревар, во кој Иглс беа подобри во првиот дел и на пауза заминаа со предност од 24-14. Сепак, Чифс реагираа и во тесен финиш се изборија за славје во дуелот на кој имаше 73 поени, односно само два помалку од рекордот.
Клучниот момент на мечот се случи на 11 секунди до крајот, кога при резултат 35-35, Бакер погоди филд гил и тоа беше доволно да се добие новиот НФЛ-шампион.
Музичкото шоу на полувремето го изведе Ријана, која го одушеви аудиториумот ширум планетата.