• Горан Упале
Женската рагби-репрезентација на Канада ја совлада Англија со 24-21 во Торонто, прекинувајќи ја серијата на актуелните светски шампионки од 41 натпревар без пораз.
Херој на домашната селекција беше Шошана Сеуманутафа, која три минути пред крајот го постигна решавачкиот есеј за историска победа. На трибините имаше рекордни 18.621 гледачи за самостоен женски спортски настан во Северна Америка.
Англија последен пат загуби во ноември 2022 година, во финалето на Светското првенство против Нов Зеланд. Двете репрезентации повторно ќе се сретнат на 23 октомври во Отава.