ВИДЕО: Каква глупост - рагбист го крена судијата во вис и доби црвен картон!

Рагбист од Фиџи направи неверојатна глупост на натпревар во Франција. Неговата екипа Неверс победи против Безиерс, а тој реши лудо да го прослави тоа. 

Жосаија Раисук го крена судијата во воздух во знак на радост, па затоа си заработи црвен картон и суспензија за наредните натпревари. Тој би можел да добие и подолга суспензија доколку во федерацијата одлучат така. 

  • Комичната ситуација:

Дури и тренерот на неговата екипа ја осуди постапката на Раисук и го нападна.