Каков татко, таков син: МекГрегор сениор и јуниор го украдоа шоуто на Супербоул (ФОТО)

Очите на светот беа вперени кон 53. Супербоул и екипите на Њу Ингланд Патриотс и Лос Анџелес Рамс, но во еден момент, сите погледи завршија во УФЦ-легендата Конор МекГрегор и неговиот син кои го украдоа шоуто.

Ирецот и неговиот син кој го носи името Конор јуниор се појавија на теренот непосредно пред стартот на големиот спортски настан во САД. Облечени во иста облека, ги привлекоа камерите кон себе и го украдоа вниманието на припадниците на „седмата сила“.

Конор МекГрегор за првпат се појавува во јавност по казната и суспензијата која ја доби од УФЦ. Ирецот нема да може да влезе во ринг до месец април поради инцидентите на средбата со Хабиб Нурмагомедов.