ВИДЕО: Јужна Африка ја изненади Англија и третпат стана светски првак во рагби

Рагби репрезентацијата на Јужна Африка ја освои титулата светски првак, откако во финалето ја изненади фаворизираната Англија со 32-12. 

На деветтото Светско првенство, Јужна Африка третпат стана светски шампион, овојпат во Јокохама. Со овој триумф Јужна Африка се израмни со три титули со Нов Зеланд, селекцијата која ја поразија во финалето во 1995 година, кога првпат беа шампиони. Втората титула ја освоија во 2007 година исто така против Англија.

Од друга страна, репрезентацијата на Англија остана на само една титула, онаа од 2003 година и дури три загубени финалиња, а баш на овој турнир важеа за главен фаворит за круната. 

  • Извештај од натпреварот: