• Иван Димовски
Натпреварот меѓу Синсинати и Бафало во НФЛ лигата беше прекината во првата четвртина, откако Демар Хемлин доживеа срцев удар среде терен. 24-годишникот доби медицинска помош и беше реанимиран, па веднаш беше префрлен во болница.
Сцените на теренот беа ужасни, сите играчи беа во шок, дел од нив со солзи во очите ги проследија моментите кога играчот беше реанимиран и изнесен со медицинско возило. Потоа, сите заедно направија еден одличен гест, се собраа и заедно се помолија за својот колега.
Според информациите од НФЛ лигата, Демар Хемлин е во критична состојба и се бори за живот.