Хорор во САД: Еден мртов и десетици ранети на прославата на трофејот во Канзас (ВИДЕО)

Парадата за прославата на Супербол титулата на Канзас Сити Чифси не мина според планот. На улиците во Канзас Сити се собра маса на луѓе, меѓутоа наместо масовна прослава на најголемиот рагби трофеј во САД, дојде до трагедија и хорор. 

Имено, еден напаѓач со огнено оружје нападна група на луѓе. Според информациите, има една жртва која го загуби животот и околу десетици повредени во пукањето. 

  • Моментот кога започна пукањето:

На станицата Јунион пукањето предизвика хаос и речиси стампедо, бидејќи луѓето веднаш се разбегаа од местото на настапнот. Инаку, според првичните информации станува збор за еден напаѓач, а храбар навивач на Чифси од зад грб го собори и со помош на уште неколку лица му го одзедоа оружјето и го задржаа додека пристигнаа полициските службеници