Хорор на рагби терените: Рагбист за малку не го загубил половиот орган во дуел

Рагбист

Хајдн Пикок е човекот, кој доживеа несекојдневна трагедија на рагби терените. Имено, ирскиот рагбист во еден дуел добил непријатен удар и буквално за малку не го загуби својот полов орган. 

Интересно е тоа што 23-годишникот не мислел дека повредата е толку сериозна, па продолжил да го игра натпреварот. На полувреме добил лоши вести од својот лекар, па затоа морал да биде префрлен во болница, каде добил 11 конци за да не остане без својата „машкост“.

Добрите вести стигнале по неколку дена, кога Пикок бил известен дека штетата не е голема и дека нема да се соочи со дополнителни проблеми.