Херојот на Нов Зеланд доби и втор медал

Херојот на Нов Зеланд, освојувачот на Светскиот шампионат во рагби, Сони Бил Вилијамс доби и втор медал, поради тоа што првиот му го даде на дете кое влета на теренот по завршување на натпреварот, за заедно да ја прослават титулата. Вилијамс поради таквата постапка, по финалето во кое Нов Зеланд ја совладаа Австралија, со 34-17, стана супер херој во својата земја.

По завршувањето на натпреварот, детето влета на теренот за да ја слави титулата со своите миленици, кога на сцена стапи обезбедувањето на стадионот, кое го фати и го собори малиот Чарли на самиот терен. Во тие моменти Вилијамс ги виде случувањата и му помогна на малиот фан да стане, притоа давајќи му го својот медал и како што изјави самиот рагбист, тоа го направил бидејќи било подобро Чарли да има ноќ за паметење, отколку неговиот медал да собира прашина во неговата куќа.