Фиџи е сензационален олимписки победник во рагби

Рагби селекциите на Австралија во женска и Фиџи во машка конкуренција се први олимписки победници во рагби 7. Ако златото на Австралија кај девојките и беше очекувано, тогаш сензација е првиот златен медал за малата земја Фиџи во машка конкуренција и тоа за сметка на големата Велика Британија. 

Рагби 7 е еден вид рагби јуниор со 7 рагбисти во поле, наместо со 15 како во професионалното рагби. Сепак на првиот олимписки турнир се појавија многу квалитетни селекции, а и посетата во Бразил беше одлична.

Во финалето Фиџи ја прегази Велика Британија со 43-7 и го освои првиот злaтен медал за Фиџи во Рио. Бронзениот медал го освоија рагбистите на Јужна Африка кои во малото финале ја победија Јапонија со 54-14.