ВИДЕО: Фановите на Иглс беснееја низ улиците по историската победа над Њу Ингланд

Освојувањето на историската прва титула во НФЛ лигата натера голем број на навивачи на Филаделфија Иглс да излезат на улиците во својот град и да го прослават овој успех, но славјето набргу се претвори во хаос, па мораше да реагира полицијата. 

Дека трофејот од НФЛ лигата е сон на секој Американец докажува во каква состојба се денес улиците во Филаделфија. Фановите на овој клуб, кој синоќа го доби големото финале против Њу Ингланд, излегоа на улиците да ја прослават титулата, но набрзо сè излезе од контрола. 

Настрадаа голем број на автомобили, се палеа контејнери, се кршеа семафори, па за да не дојде до поголема штета, мораше да реагира полицијата, која за краток период успеа да го стави под контрола беснеењето на навивачите.