Еден од најдобрите НФЛ играчи ја завршува кариерата?

Еден од најпопуларните НФЛ играчи и член на тимот на Хјустон, Џеј Џеј Ват размислува да стави крај на својата кариера по последната повреда на грбот, што воедно претставува и обнова на истата повреда.

Њу Ингланд славеше победа од 27-0 против Хјустон во третата недела од НФЛ, но повредата на еден од најдобрите играчи на крајот го засени резултатот. По направените медицински прегледи, уште поголема е веројатноста дека рагби играчот ќе ја пропушти целата сезона. 27-годишниот Ват размислуваше за крај на својата кариера и при претходната повреда во јануари, па сега не би било чудно тоа и да го направи.

27-годишниот Ват има запишано четири настапи на „Супер Боул“ завршницата, трипати е избран за најдобар дефанзивец и четири пати бил во тимот на годината. Својата професионална кариера ја започна во Хјустон во 2011 година, каде настапува и ден денес.