• Саше Љолес
Најкорисниот играч во американскиот фудбал (НФЛ лигата), Џош Ален, го продолжи договорот со тимот на Бафало Билс и доби рекордна соработка која е во вредност од неверојатни 330 милиони долари.
Ова е нов рекорд на НФЛ лигата, а квотербекот Ален ќе добие загарантирани 250 милиони долари на крајот од договорот. 28-годишникот првпат во својата кариера беше прогласен за МВП, а претходно двапати беше избиран во идеалниот тим на ова натпреварување.
Бафало реши да го избере Ален како седми пик на драфтот во 2018 година, а оттогаш екипата постојано учествува во плеј-офот. Најголем успех на тимот е пласманот во конференциското финале, каде двапати губеше од Канзас Сити.