Џексонвил го избра Тревор Лоренс како прв пик на НФЛ драфтот

Тревор Лоренс е избран како прв пик на драфтот во НФЛ лигата, а ќе настапува за екипата на Џексонвил Јагуарс. 

Квотербекот кој доаѓа од универзитетот Клемсон, а минатата сезона за овој тим бележеше 231 успешен пас од 334 обиди, со 3,153 освоени јарди и дури 24 тачдауни. Изборот на Лоренс како прв пик веќе беше најавен и очекуван, според сите предвидувања на драфтот, а првиот пик го доби Џексонвил како најлош тим од минатата сезона. 

Втор пик на драфтот беше Зек Вилсон, избор на Њујорк Џетси. Трети требаше да бираат Мајами Долфинс, но го предадоа изборот на Сан Франциско 49ерс кои го одбраа квотербекот Треј Ленс. Во првите пет пикови на првата рунда беа одбрани уште Кајл Питс од Атланта и Џамар Чејс од страна на Синсинати.