• Саше Љолес
Необичен натпревар во американската НФЛ лига. Екипите на Кливленд Браунс и Питсбург Стилерс играа во тешки временски услови, а теренот беше комплетно прекриен од снег кој постојано беше „придружуван“ од неверојатно силен ветер.
Играчите на двата тима по натпреварот рекоа дека немале потежок предизвик во кариерата и навистина силно се бореле со ветерот кој дувал со брзина од околу 50 километри на час.
Кливленд на крајот го изненади Питсбург на снежното време и славеше со конечен резултат 24-19.