• Горан Упале
Во Њу Орлеанс се одржа 59. Супербоул, за кого уште долго ќе се зборува. Секако, главниот момент од овој настан е победата на Филаделфија Иглс над Канзас Сити Чифс (40-22) која ги спречи Чифси да станат првиот НФЛ тим во историјата кој освоил три последователни титули.
Сепак, ништо помалку интересно не беше и надвор од теренот, поточно на трибините. Камерите забележаа и дека на финалето присуствуваше и американскиот претседател Доналд Трамп и накратко беше прикажан на големите екрани на стадионот, за време на интонирањето на американската химна. Пред натпреварот тој се сретна со семејствата на загинатите во терористичкиот напад на 1 јануари во Њу Орлеанс. Трамп е првиот американски претседател кој присуствуваше на Супербоул спектаклот.
BREAKING President Trump stuns America by being the FIRST sitting President at a Super Bowl
The Stadium erupts when they see Donald Trump
Donald Trump’s Aura is UNMATCHED pic.twitter.com/XlgOoa9vNw
— MAGA Voice (@MAGAVoice) February 9, 2025
Во публиката на стадионот во Њу Орлеанс беше и Том Брејди, а тука беа и ѕвездите на Интер Мајами: Лионел Меси, Луис Суарез, Серхио Бускетс и Жорди Алба. Потоа Серена Вилијамс, Пол Макартни, Кевин Костнер, Џеј Зи, Ен Хатавеј, Семјуел Л. Џексон, Бредли Купер, Адам Сендлер и Џон Хам.
Еден човек е уапсен поради развиорување на суданско и палестинско знамиња со зборовите „Судан“ и „Газа“, соопшти НФЛ.
„Им честитаме на обезбедувањето за брзото апсење на поединецот што вееше знаме. Уапсениот човек беше дел од тимот од 400 танчери на теренот, но ги сокри знамињата, кои подоцна ги развиори пред публиката. Ниту еден од луѓето вклучени во организацијата на овој спортски настан не биле свесни за неговите намери", соопшти НФЛ.
Американскиот музичар Џон Батист пред почетокот на финалето ја изведе американската химна, а меѓу двете полувремиња на теренот настапи раперот Кендрик Ламар.
Како што претходно објави „Си-Ен-Ен“, рекламниот спот од 30 секунди на телевизија чинел осум милиони долари. Цената на најевтиниот билет за натпреварот беше 3.000 долари.