• Мартин Танасковски
Екипите на Филаделфија Иглс и Канзас Сити Чифс ќе се судрат за славниот Супербоул трофеј откако беа подобри од ривалите во полуфиналните предизвици во рамки на НФЛ-лигата.
Филаделфија Иглс убедливо ги совлада Вашингтон Командерс со 55-23 во полуфиналето од плеј-офот на НФЛ. „Орлите“ го диктираа темпото од самиот старт на мечот, забележаа убедлива победа и доминантно се пласираа како во финалето.
Противник во борбата за трофејот Ломбарди ќе им бидат Канзас Сити Чифс, доминантниот тим од Мисури кој ноќта меѓу неделата и понеделникот го совлада Бафало Билс со 32-29. Решавачките три поени ги погоди Харисон Баткер на три минути пред крајот откако Бафало Билс имаше тачдаун.
На тој начин, Чифс станаа првиот тим во историјата на НФЛ кој забележал три последователни настапи на Супербоул, а минатата година тие станаа деветтиот тим што го сторил тоа двапати по ред.
Суперболот ќе се игра на 9 февруари 2025 година во Супердом во Њу Орлеанс.