Денвер ја победи Каролина на стартот од 97. сезона во НФЛ лигата

Во репризата од ланското финале на Супербоул 50, шампионот Денвер Бронкос ја победи екипиата на Каролина Пантерс со 21-20 како најава за новата, 97. по ред сезона во НФЛ. Ова беше прв реванш од финале на Супербоул на стартот од сезоната од далечната 1970 година.

Пантерси целосно го контролираа натпреварот и со предност од 17-7 влегоа во последната четвртина. Домашната екипа, со два тачдауна од Си Џеј Андерсон неочекувано го презеде водството на неколку минути до крајот. Гостите имаа свои шанси, откако Грејм Гано најпрво намали на 21-20, шутирајќи филд-гол, но подоцна на четири секунди до крајот, тој го промаши голот на противникот од 50 јарди оддалеченост, што значеше победа за домаќините.

Во февруари, овие две екипи се сретнаа во големото финале, а таму Денвер беше убедлив и славеше со 24-10.