Денвер Бронкос и Каролина Пантерс во јубилејното финале на Супербоулот

Рагби тимот на Денвер

Денвер Бронкос и Каролина Пантерс ќе играат во финалето на НФЛ, популарниот Супербоул.

Денвер синоќа беше подобар од актуелниот шампиони Њу Ингланд Патриотс со 20-18, додека екипата на Каролина со рекордни 49 поени оваа сезона, успеа да слави над Аризона со 49-15 и со тоа да си го обезбеди местото во големото финале.

Супербоулот оваа година ќе се одржи на 7. февруари на стадионот на Сан Франциско Фортинајнерс во Санта Клара. Тоа ќе биде јубилејното 50. издание на финалето на НФЛ лигата.